Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврдени најчестите симптоми на омикрон: Главоболка, замор, кивање и болки во грлото

0
By Sashko on December 17, 2021 СВЕТ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најчести симптоми на омикрон, новата варијанта на коронавирус, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка, туку и на можна зараза со омикрон сојот.

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува „Глас Истре“.

Исто така, се нагласува дека омикронот се размножува десет пати побавно во белите дробови во однос на претходните варијанти, односно дека почесто останува во горниот дел на респираторниот систем, т.е. во бронхиите.

Анализата на случаите на коронавирус во Лондон, каде се забележани најголем број случаи на омикрон во земјата, покажува дека најчести знаци на инфекција биле течење на носот, главоболка, замор, кивање и болки во грлото, кои не се класични симптоми на ковид-19, кој обично доаѓа со висока температура, губење на вкус и мирис и силна кашлица.

Се надеваме дека луѓето ќе ги препознаат знаците на омикрон. Тие луѓе дефинитивно треба да останат дома и да не се дружат со други за да не ја шират болеста, рече епидемиологот Тим ​​Спектор, шеф на најголемата британска студија за следење на симптомите на ковид-19.

Тој препорачува претпазливост, бидејќи не може со голема сигурност да се потврдат информациите дека омикронот, сепак, предизвикува поблаг облик на болеста, оти изворно е послаб мутант или е помалку опасен кај популација со поголем имунитет.

Можно е двете причини да се комбинирале и така влијаеле на намалување на опасностите, велат научниците. Сепак, останува фактот дека омикронот се размножува 70 пати побрзо од делтата, во горниот респираторен тракт, па веројатно тоа е причината за неговото брзо ширење кај населението. Поголемото вирусно оптоварување поблиску до грлото значи дека луѓето веројатно ќе издишат и повеќе вирусни честички.

Велика Британија научници Омикрон Свет Симптоми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.