Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вајгл: Скопје и Атина прават храбри потези

0
By Нова ТВ on February 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Ме радува тоа што меѓу Скопје и Атина се разви еден култивиран и конструктивен дијалог и се надевам дека сето тоа ќе води кон резултат и дека нема улицата и демонстрациите во тоа да играат пресудна улога. За чекори кои водат напред потребни се храбри и одговорни политичари и оние кои нема да се уплашат од демонстрациите пред нивните канцеларии, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Иво Вајгл.

Во интервју за МРТ, Вајгл, кој заедно со уште двајцата европратеници Кнут Флекенштајн и в понеделник доаѓаат во Македонија, вели дека сега постои оптимизам за можниот напредок на Македонија во евро-атлантските интеграции.

– Јас сум голем оптимист. Верувам дека проблемот со Грција нема да биде онаа бариера преку која Македонија нема да може да помине. И на пленарната дебата јас истакнав дека земјите кои се членки на ЕУ не смеат да бидат пречка, да вршат притисок или да ги уценуваат државите кандидати. Тука се разбира мислев и на македонските соседи и мислам дека тоа беше и така сфатено, истакнува европратеникот.

Тој смета дека цела Европска унија конечно го сфатила значењето на земјите од Западен Балкан, а доказ за тоа е неодамна претставената Стратегија за проширување на ЕУ кон оваа група земји.

– Мислам, дека стратегијата на Европската комисија е многу сериозен и стратегиски ориентиран документ, тоа не е обичен годишен извештај, тоа е стратегија за идните десет години. Мислам дека тоа зборува дека целата ЕУ, цела Европа го сфати значењето на Западен Балкан, а во срцето на Западен Балкан се наоѓа и Македонија. вели Вајгл за МРТ.

Вајгл, Флекенштајн и Кукан в понеделник во Скопје ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.

Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложен.

Првиот предвиден термин, минатиот месец, пропадна бидејќи, како што изјави Вајгл, не добија потврда од ВМРО-ДПМНЕ, која беше во процедура на избор на ново раководство.

– Не е можно да се замисли работата на Парламентот да биде ефикасна и прифатена од ЕУ и од нејзините држави, ако опозицијата ја бојкотира работата. Секогаш ја истакнувам одговорноста на владејачката коалиција дека треба да и даде признание и чувство на конструктивен партнер на опозицијата, особено ако е толку многу силна, како што е силна во Македонија. Според ова одговорноста за конструктивната работа во Парламентот ја имаат двете страни, вели Кикан во интервјуто за МРТ пред доаѓањето во Скопје.

 

Вајгл ЕУ куќата на Жан Моне преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.