Поранешна асистентка на филмскиот продуцент Харви Вајнстин изјави дека и било платено 165.200 долари за да молчи за сексуалните малтретирања на нејзиниот шеф.

Зелда Перкинс, во изјава за Фајненшл Тајмс изјави дека потпишала обврзувачки договор во 1998 година за да молчи откако претходно го обвини за напад.

Според неа, Вајнстин барал масажи и побарал од неа да спие со него. Вајнстин ги отфрли ваквите обвинувања.

Перкинс се отворила за нејзиното искуство со Вајнстин откако нејзина колешка исто така се пожалила дека била малтретирана од основачот на продукцијата „Мирамакс“.

И двете бараа оштета, која ја добија, во износ од 330.500 долари и потпишале договор.

„Сакам јавно да го обзнанам мојот договор. Ако некој не го направи ова, нема да има дебата за ваквите бедни договори и стресот кој иститте го оставаат врз жртвите“, вели таа Зелда за Фајненшл Тајмс.

Нејзините обвинвуања се слични на актерките кои досега го обвинија Вајнстин. Лупита Нијонго и Гвинет Палтроу исто така рекоа дека Вајнстин од нив барал да го масираат додека носел само долна облека по хотели.

Но некогаш моќниот продуцент, чија кариера сега избледува, ги отфрла сите обвинувања дека извршил напади и дека ниту еден сексуален чин не го извршил насилно.

Обвинувањата против Вајнстин започнаа по сторијата на „Њујорк Тајмс“, а истраги против него се водат во Лондон, Лос Анџелес и Њујорк.