НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцината и почитување на мерките се клуч за излез од пандемијата: Можен е нов бран на ковид-19

0
By Sashko on November 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До крајот на оваа недела или почетокот на идната ќе биде јасно дали зголемениот број на заразени со ковид-19 е почеток на нов бран. Комисијата за заразни болести ќе се состане утре, но според министерот за здравство, Венко Филипче нови рестриктивни мерки не се потребни.

На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на ковид-состојбата во земјата. Филипче вели сите опции се отворени, но мора да бидат издржани и спроведливи.

Вакцинацијата и почитувањето на мерките (носење маска и држење дистанца), се клуч за излез од пандемијата. Министерот на вчерашната прес-конференција во Владата оцени дека невакцинираните го оптоваруваат здравствениот систем. Засега, вели, не се размислува вакцинацијата да биде задолжителна, а за други мерки, вклучувајќи и некаква препорака, еден од главните индикатори ќе биде оптовареноста на болниците.

Тешко можеме да ја предвидиме динамиката. Болничките капацитети се подготвени, лекарите и медицинските сестри, но граѓаните мора да знаат дека здравствените работници се преморени зашто интензивно работат во сиот изминат период. Затоа апелирам, граѓаните интензивно да се имунизираат. Многу е важно бранот да се пресретне, истакна вчера Филипче.

Според него, ако актуелните ковид бројки продолжат ќе значи дека новиот бран е почнат. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што, според Филипче, е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот период.

Во однос на инциденцата на ниво на целата држава, последните две недели во однос на претходните 14 дена е зголемена за 28,5 проценти во 35 градови, а во други седум е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот раст, посочи министерот, е очекуван, имајќи предвид што се случува во земјите од регионот каде има огромен број новодијагностицирани и силен притисок кон болниците во смисла на зголемена потреба за хоспитализација.

До крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме каква мутација е сега доминантна и за тоа денеска разговаравме со директорот на Институтот за јавно здравје, рече Филипче.

И бројот на пациенти кои се хоспитализирани минатата недела во однос на претходната недела бележи раст за 15 проценти.

Досега во државата, како што информира Филипче, се аплицирани над 1,6 милиони дози на вакцини, прва доза примиле 810.000 граѓани, околу 8.000 се пријавиле дека се вакцинирале во странство, ревакцинирани се над 780.000 граѓани, а трета доза примиле 46.000 граѓани.

Има доволно дози на вакцини, а најавени се и донации од европските земји. Заклучно со вчера има 200.000 вакцини на „Фајзер“ со различен рок. Сè уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „Спутник“.

Во врска со лекот на „Фајзер“, Филипче истакна дека сè уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.

Во овој момент нема пациент кој е хоспитализиран, а примил трета доза вакцина. Филипче повтори дека како трета доза, се препорачува да биде примена вакцината на „Фајзер“. Притоа е неважно која вакцина била аплицирана во првите две дози.

Во претходното деноноќие од 3.597 тестирања беа регистрирани 656 нови случаи на ковид-19. Оздравеа 273 пациенти, а починаа 13 лица на возраст од 65 до 86 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368. Речиси пола од активните случаи се од Скопје.

На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1.068 активни случаи со ковид-19. Во врска со скринингот на учениците, Филипче посочи дека тој е завршен во најголемиот број од училиштата во државата.

„Тестирани се над 5.000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително важно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес“, додаде Филипче.

бран вакцинација Ковид-19 Македонија мерки Пандемија Почитивање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.