Ракометарките на Вардар ќе продолжат со настапи во сезоната со Амандин Лејно и Мајса Пешоа меѓу стативите. Ина Суслина ќе паузира во наредните два месеца поради операција на менискусот на десното колено.

Според веста на интернет страницата на Вардар, зафатот бил извршен денеска од доктор Улрих во болницата во Аугсбург, Германија. Како што притоа се наведува, Русинката подолго време имала проблеми со менискусот и по консултациии со докторите и управата на клубот било решено да не се одолговлекува повеќе.

Првичните прогнози се однесуваат на отсуство меѓу шест и осум недели.