НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји по посетата на Македонија: Продолжете со реформи и нов закон за ЈО до избори

0
By Нова ТВ on January 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји вчера престојуваше во прва работна посета на Северна Македонија по стапување на функцијата во Брисел. По состаноците со претседателот на државата, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со техничкиот премиер, Оливер Спасовски со министерот за надворшени работи, Никола Димитров, тој упати порака дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе продолжи, а Европската Комисија уште посилно ќе работи на тој план.

Вархеји, исто така, ја нагласи потребата за продолжување на досегашната работа во делот на имплементација на реформите, при што посебен акцент стави на новиот закон за Јавно обвинителство. Изрази надеж дека тој ќе биде донесен од актуелниот состав на Парламентот и тоа, како што рече, ќе биде добар знак за земјите-членки на Унијата.

„Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, но истовремено да ги направиме посигурни и поверодостојни за сите нас и за регионот и за земјите членки“, порача Вархеји и додаде дека проширувањето за новата ЕК останува приоритет.

 

Високиот гостин од Брисел подвлече дека мора да се работи врз основа на проценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори.

„Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Тоа значи дека треба да имаме позитивна одлука од Советот за отворање на пристапните преговори пред Самитот во Загреб годинава, изјави еврокомесарот Вархеји.

За новата методологија за пристап, рече дека мора да биде сигурна и попредвидлива, малку пополитичка и објективна, но и со поголема динамика.

„Сакаме да предложиме со отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да дојде заедно со економскиот план за регионот. На Самитот во Загреб се надевам дека ќе ја добиеме поддршката на земјите членки за интензивирање на нашето присуство и затворање на економскиот јаз меѓу вас и нас, изјави Вархеји.

Тој нагласи дека очекува успешни избори, по кои ЕУ ќе добие сигурен партнер во Владата, посочувајќи дека е клучно и спроведувањето на Преспанскиот договор и билатералниот договор со Бугарија, без разлика на тоа која ќе биде следната влада. Додаде дека сакал својата прва посета да ја посвети на нашата земја, бидејќи, како што рече, направила многу за членство и го испорачала историскиот Преспански договор.

Премиерот Оливер Спасовски изрази очекување дека средбите и комуникацијата со Вархеји ќе добијат на интензитет, бидејќи како што рече, влегуваме во клучен период за остварување на нашата стратешка цел, членство во ЕУ. Рече дека со ништо нема да се загрози постигнатото поради што добивме и признание од Европската комисија минатата година кога на Европскиот совет му беше предочено итно и безусловно стартување на пристапните преговори.

„Препораката дојде како резултат на успешно спроведените реформи и како резултат на храбрите одлуки за решавање на недоразбирањата со нашите соседи, кои нашите аспирации за членство во ЕУ ги направија реалност“, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Вархеји.

Вархеји се сретна и со претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата истакнал дека земјава останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има национален консензус меѓу политичките чинители и висока поддршка од граѓаните. Претседателот изразил надеж дека до март годинава ќе биде дефинирана новата методологија за водење на процесот на пристапните преговори меѓу земјите членки на ЕУ.

На средбата во Министерството за надворешни работи, министерот Димитров на гостинот му порача дека ние сме заинтересирани за што побрзо да се објави предлог методологијата и дека очекува тоа да ги разреши сите дилеми и задоволително ќе ги отслика барањата на сите земји-членки за заживување и зацврстување на процесот на проширување.

„Донесувањето на одлуката за почеток на преговорите е од клучно значење. Северна Македонија направи сè што се очекуваше од неа за да се донесе заслужената позитивна одлука“, истакна Димитров.

Вархеји оствари средби и со претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Заев на средбата со Вархеји истакна дека Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

Фото: 360stepeni.mk
„Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните“, истакна претседателот Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со Еврокомесарот Вархеји, разговарале за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европерспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен вчера изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

За време на претставувањето на хрватското претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лaјен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

Фото: ekathimerini.com

„Доколку сакаме успешен самит ЕУ – Западен Балкан во Загреб, тогаш мора да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан, Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори“, порача Фон дер Лaјен.

еврокомесар Македонија Оливер Вархеји посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.