Васко Ковачевски ја напушта функцијата генерален директор на АД ЕСМ. Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов.
Инаку, Стефанов е познат по тоа што стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство.
Не се познати причините за оваа ненадејна одлука на Васко Ковачевски, ниту пак дали таа се должи на партиски прегрупирања. Ковачевски важеше за еден од првенците на огранокот на СДСМ во Битола и доверлив човек на партиското раководство.
Повеќе детали се очекуваат од ќе бидат заедничката прес-конференција што е закажана за денеска во 13:30 часот во Владата.
С.К.