Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва почнува 80 часовен „полициски час“ за Скопје, Куманово, Тетовo и Штип

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва (21 ч.) почнува да важи мерката „полициски час“ за територијата на цел град Скопје со околните општини, за Куманово, за Липково, за Штип, за Карбинци, за Тетово, за Боговиње, за Брвеница, за Теарце, за Желино и за Јегуновце и забраната за движење во овие места ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната владина седница по препораката на Комисијата за заразни болести по зголемениот број на новодијагностицирани случаи со ковид-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на вирусот.

Во сите останати градови во земјата ќе биде на сила забрана за движење на сите граѓани од 21 часот до до 5 часот наутро, мерка што утре, во сабота и во недела ќе започнува од 16 часот и ќе трае до наредниот ден во 5 часот наутро.

Од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот се забранува и посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапки од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работни потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат да важат сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа што организирана во смени. Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08 – 8:30 часот, 15 – 15.30 часот и 20 – 20:30 часот. Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека групирањата, непочитувањето на мерките и неказнувањето се причина за раст на заболените и враќање на полицискиот час.

„Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство. Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита. И после одржани речиси 100 прес-конферении и илјадници пати повторени апели и пораки еден дел од граѓаните се уште одбиваат да ја прифатат реалноста, да прифатат дека одговорноста е на секој поединец“, рече Филипче на синоќешната прес-конференција.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со ковид-19 во земјава во изминатите денови. Само вчера беа регистрирани 101 случај со ковид-19 од кои најголем дел во Скопје – 59, во Куманово – 12, во Штип – 7, во Струга – шест, во Тетово – 5, во Гостивар и во Кочани – 3, во Пробиштип – 2, во Прилеп, во Велес, во Охрид и во Кавадарци -1.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројот на оздравени пациенти е 1.605, а на починати 145. Во моментоt во земјава има 742 активни случаи. Досега се направени вкупно 32.161 тестирања на ковид -19.

Коронавирус Македонија полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.