Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва започна јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведска. Веднаш по него ќе настапи новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД.

Годинешниот „Скопје џез фестивал“ изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Њу Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист, Јордан Костов.

„Скопје џез фестивал“ ќе трае од 20 до 24 октомври во салите на НОБ и Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, каде над единаесет познати изведувачи од Северна Македонија, Европа, Куба и САД ќе одржат концерти во живо.