Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верувале или не: Катар вложува 500 милиони долари неделно за СП 2022

0
By Нова ТВ on February 7, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Катарците сериозно ги сфатија обврските за Светското фудбалско првенство во 2022 година на кое ќе бидат домаќини. Не сакаат ништо да препуштат на случајот, сакаат да избегнат ситуација да финишираат со работите во „пет до 12“ и сакаат да завршат колку што е можно поскоро со обемниот проект за кој ја добија довербата на ФИФА.

Властите во земјата трошат 500 милиони долари за целокупната инфраструктура. Посочената сума не е на месечно или годишно ниво туку неделно.

„Трошиме речиси 500 милиони долари неделно. Така ќе биде се додека не завршиме со работите. Не сакаме да се најдеме во ситуација да уредуваме стадиони, а турнирот да почне и луѓето да пристигнат во нашата земја. Сакаме навреме да го завршиме нашиот дел од обврките. Вкупниот буџет за Светското првенство изнесува 200 милијарди долари“, вели Али Шариф ал Емади, министер за финансии на Катар.

Ал Емади откри дека не се градат само стадиони туку и улици, автопатишта, нов аеродром, болници, железница, хотели, итн.

„Парите се обезбедени иако цената на нафтата падна. Во комлетната инфраструктура вложуваме 200 милијарди долари, но ако се гледаат само стадионите, тогаш Светското првенство во 2022 година нема да биде најскапо“, тој катарскиот министер.

Катар гради 10 стадиони за потребите на мундијалот по пет години. Седум од нив ќе бидат нови од темел, а три ќе минат низ процес за реконструкција и зголемување на капацитетот. Земјата домаќин на СП 2022 е трета во светот според резервите на гас, но има и преку 25 милиони барели нафта во резерва. Двата енергенса чинат 85 отсто од извозните приходи и преку 50 отсто од бруто домашниот производ.

Катарците лани за првпат по последните 15 години забележаа буџетски дефицит на што влијаеше пад на цената на енергијата. Минусот изнесуваше 12 милијарди долари, а за оваа година е одобрен државен буџет со дефицит 7,7 милијарди долари.

 

буџет инфраструктура Катар СП 2022 Стадиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.