Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вештак: Саздовски починал по три тешки повреди на главата со боксови

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 13:44

Крвни повреди на главата, поточно на левата страна на лицето и во темената регија, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош, покажува обдукцискот наод извршен врз Никола Саздовски, за кој денеска пред судот сведочеше вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина.

– Овие повреди врз Никола  се нанесени со повеќединамична тапо-тврда сила. Квалификацијата е тешка телесна повреда со опасност по живот која завршила со смрт. Повредите се нанесени со бокс или удар со нога, појасни Јаќоски.

Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти

На прашање на јавниот обвинител, Јаќоски рече дека преткоматозната состојба во која бил донесен Саздовски, по која подоцна настапила смрт, настанала поради три доминантни повреди во пределот на главата и тие се настанати со силно дејство во ист период.

Рече дека при обдукцијата се констатирани уште три повреди. Едната е на градниот кош од десната страна и под лопатката и левата слабина. Јаќоски рече дека останатите повреди кои не се во пределот на главата не се значајни во смртниот исход, тие се телесни повреди.

На прашање на обвинителот дали некоја од повредите може да настанала од пад и удар на некој предмет, вештакот рече дека сите повреди се од удари, а доколку имало пад и удар од некој предмет би забележале повреди на кожата и телото кои кај Никола не биле забележани.

На прашање на таткото на Никола Саздовска, вештакот рече од обдукцијата изгледот на староста на повредите, како и правецот на силата на ударите кои се вкрстуваат кон центарот на мозокот, не може да се издвои кој бил прв удар.

Случајот за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски за што се обвинети Бесир Беља и Скендер Демири, и уште едно лице кое е во бегство, се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци.

На минатотот рочиште еден од сведоците во судница ги препозна Беља и Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

вештак Саздовски сведочење судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.