Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Амди Бајрам кон Заев: Ниту еден премиер вака не се залагал

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 22, 2018 15:18

Пратеникот Амди Бајрам, на денешната седница во Собранието, наменета за пратенички прашања, на премиерот Зоран Заев му рече дека никој премиер претходно не се залагал да одговори на неговите барања како што тој го направил тоа.

Бајрам упати низа пофалби за Заев, и покрај тоа што за време на предизборните кампањи, како силен поддржувач на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на Заев, во тогашно својство на лидер на опозицијата му порача дека ќе заврши во Шутка. Тоа се случуваше кога Заев ги објавуваше т.н „бомби“.

Но откако стана независен пратеник и ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам рече дека ќе ги поддржи сите политики на новата власт кои ќе придонесуваат за доброто на сите граѓани на Македонија.

„Многу граѓани има во Република Македонија сиромашни. Таа сиромаштија ја кажувам од аспект на болест која доаѓа до здравство и не можат да се лечат луѓето бидејќи немаат пари. И доаѓа до смртни случаи. Минатата Влада тоа прашање не го реши, оваа Влада верувам дека сака да го реши. Оваа Влада сака да помага на сите, не само на Ромите и верувам дека може да донесе одлука таквите луѓе да се лекуваат бесплатно. Оваа Влада и овој премиер таков е, до сега никој немаше слух“, рече Бајрам.

На ова, Заев му даде подолг одговор охрабрувајќи дека постојат механизми кои граѓаните треба да ги користат за подобрување на своето здравје.

„За жал сиромаштијата ги таргетира сите, без разлика на етникумот, но факт е дека Ромската заедница е најпогодена и најсиромашна. Јас сум убеден дека треба да ги користиме досегашните механизми кои ни се на располагање. Социјално загрозените лица имаат право на бесплатно лекување и треба да ги користат тие можности. Институциите се должни да го почитуваат законот. Не смее да има граѓанин на кој нема да му биде испорачано лекување. Правиме напори до крајот на оваа година да обезбедиме 5.5 милиони евра и со разни заштеди плус, целта е Клиничкиот центар да го споиме, да не одат парите во управни одбори или комисии туку сите овие средства да придонесат кон законот за бесплатно болничко лекување.

Во делот на погреб на лица од семејство кое не може да го организира и плати погребот, согласно законската регулатива, општините се задолжени согласно закон да го направат тоа. Апелирам до граѓаните да го користат ова законско право.

Во делот на лековите, се уште за жал немам обезбедено механизми најсиромашните да можат да го земат лекот. Јас предлагам да се користат сите институции за директно помагање додека не најдеме трајно законско решение. Да се повикаме на солидарност. Колку и да е евтино, за жал некои луѓе не можат да си ги дозволат. А сите градоначалници можат да помогнат во тоа, за да водиме грижа еден за друг.

Министерството за здравство, Фондот и Агенцијата за лекови барам да најдат механизми како за најсиромашните да најдеме решение како тоа да се реши“, рече Заев.

По неговиот одговор, пратеникот Бајрам посочи дека досега не се случило Премиер да одговори на неговите прашања на таков начин.

„За сите да слушнат, вака, гледам дека точно се залагате за народот и многу сум благодарен од вашето излагање и македонскиот народ виде што кажавте. Гледам како одите така ќе бидете подржани од секого“, му рече Бајрам на премиерот Зоран Заев.

 

 

Амди Бајрам Зоран Заев пратенички прашања сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.