Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Чулев за „Јавна соба“: Работиме на идентификација на администраторите и модераторите на групата

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поднесено е барање до компанијата „Телеграм“ со седиште во Лондон за идентификација на двајцата администратори и на двајцата модератори на групата „Јавна соба“, а иствормено се прават криминалистички контроли на терен, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Дадени се насоки и до инспектори во сите СВР за теренско прибирање на информации за идентификување на лицата кои биле модератори и администратори на групата, но и за сите учесници во групата кои го прекршиле законот „за производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „злоупотреба на лични податоци“.

„Сè уште немаме одговор од Телеграм. Сè уште не ни се познати администраторите. Се работи на оперативни активности на терен. Веќе имаме и многу релевантни сознанија за идентификување на дел од луѓето кои ја менаџирале оваа група, но во интерес на истрагата не би одел со конкретни имиња, зошто се е во фаза на истрага“, кажа Чулев.

По добивање на информацијата за „Јавна соба“ на Телеграм, посочи тој, било информирано Основното јавно обвинителство (ОЈО) и истовремено биле собрани сите информации од групата за профилите.

„Се работи за околу 8.000 членови, чиј број опадна во последниот период. Се работи за околу 800 фотографии и видеа, претежно од „Фејсбук“, „Инстаграм“ и интернет, но има и приватни фотографии и видеа“, изјави Чулев.

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/1274676792734040

Нагласи дека биле дадени насоки на инспектори да стапат во контакт и згрижат сите жртви и сите кои ќе пријават дека им се злоупотребени лични податоци.

„Досега има два пријавени случаја, но колку што знаеме се работи за злоупотреба на лични податоци, но не и за член 193 за производство и дистрибуција на детска порнографија. Сè уште не е докажана, но ќе се оди во насока на инкриминирање на сторителите“, изјави Чулев.

 

Прашан дали се повикани некои од лицата посочени во медиумите дека членувале во групата „Јавна соба“, министерот Чулев рече дека колегите веќе работат на тоа. Учесниците во „Јавна соба“, кажа Чулев, користеле многу звучни имиња и полицијата сега врши идентификување дали се тоа навистина личностите за кои се зборува.

„Работат колегите. Пред се ставаме инпут на оние членови кои објавиле компромитирачки материјали, но не и на учесниците. Не може осум илјади луѓе. Не може сите членови да се повикаат, само оние што ги прекршиле законот. Ќе се повикаат најпрво само оние членови кои објавиле компромитирачки материјали“, изјави Чулев.

Во однос на тоа дека веќе се формираат нови групи на други медиуми, Чулев кажа дека ги следат и другите групи кои се формираат и дека ќе излезат со дополнителни информации ако има такво нешто.

група Јавна соба МВР Наќе Чулев Телеграм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.