Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Дебата во УНЕСКО дали Охрид да се стави на листата на загрозено културно наследство

0
By Нова ТВ on July 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебатата во Унеско за статусот на Охрид и дали да се стави на листата на загрозено светско културно наследство заврши, но одлуката ќе се соопшти утре по барање на претставникот од Албанија кој побара Комитетот пред да ја потврди одлуката уште еднаш да размисли и да даде дополнителен рок во кој Владата би можела да ги исполни барањата.

Претставниците на Комитетот на УНЕСКО и на Меѓународната Унија за конзервација на пририродата (IUCN) побараа Охрид да биде прогласен за загрзено наследство затоа што „најголем дел од препораките не се исполнети“. Тие потсетија дека  за проблемите се алармирало уште од 2013 година, но наместо запирање на урбанизацијата, таа само се интензивирала и препораките се игнорираат повеќе од 21 година.

Претставничката на Меѓународниот совет на споменици и градови( ICOMOS) нагласи дека оваа мерка треба да се воведе итно за да се спречи уништувањето на културното и природното наследство и вредност.

И невладиниот сектор даде поддршка за препораката на Комитетот – претставничка на невладиниот сектор од Австрија гласно побара УНЕСКО да не се повлекува и да ја потврди одлуката со која Охрид ќе се стави на црвената листа на земји.

„Честитам на Комитетот кој даде јасна слика за ситуацијата во Охрид за сериозните закани за културното и природното наследство со кој Охрид се соочува со години. Со ваквата одлука меѓународната заедница ќе го вклучи алармот и ќе ја подигне свеста не само на политичките лидери туку и на бизнис заедницата и на граѓаните дека сегашната ситауција е спротивна на принципите на одржлив развој и на принципите за одговорно однесување со светското културно наследство. Ние сме убедени дека ако се усвои ваквата препорака УНЕСКО ќе ја преземе одговорноста да биде чувар на ова светско наследство“ кажа претставничка на невладина организација од Австрија.

Владината делегација во дебатат побара одлуката да се одложи затоа што новата Влада презела значителни мерки но немала време да ги исполни сите. Министерот Едмонд Адеми зборуваше кажа дека Владата ја запрела изградбата на ски центарот на Галичица и дека редовно се проверува квалитетот на водата, а формиран е Координативен тим кој ќе работи на исполнување на сите препораки.

 

Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.