Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Домино на теророт

0
By Нова ТВ on April 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белгија не владее страв. Белгијците не се исплашени. Тие се гневни. Гнев насочен кон терористите но и кон владата. Шест Белгијци од десет сметаат дека владата можела да го спречи нападот.

Подлабоката анализа на овие резултати покажува дека се всушност застрашувачки. Затоа што откриваат огромна недоверба кон политичките институции и фрагментирање на општеството околу идентитетските прашања.

А идентитетот како што е познато е една од омилените теми на екстремната десница во Европа.

По нападите во Брисел, плоштадот на Берзата се претвори во меморијал за жртвите на тероризмот, граѓаните палат свеќи, цртаат, носат цвеќиња, пеат…

Спокојот на ова место го растурија 500 хулигани, навивачи на фудбалски клубови. Зад кои се крие белгиската екстремна десница.

Седумдесет проценти Белгијци сметаат дека некои политички партии ќе ја искористат оваа ситуација за да го промовираат говорот на омраза, отрфлањето на муслиманската заедница и креирање на страв кој ќе отвори јаз помеѓу жителите.

Марк Тревидик познат судија од француската анти терористичката ќелија, ова го потврдува и вели дека сме сведоци на еден вид домино ефект. Терористите, вели тој, сакаат да удрат што е можно појако за да Западот се сврти кон мулиманските сограѓани. Тие сакаат државата стане репресивна по што муслиманите ќе им се придружат на терористите. Според овој експерт, ова е стратегија на Исламската држава исто како што беше стратегија на Ал Каеда во 2001 година.

Во сега славниот Моленбек со мнозинско муслиманско население, за вчера беше закажан протест на движењето кое се вика Идентитетска генерација формирано во Франција. Приврзаниците се често гласачи, а некои и членови, на екстремно десниот Национален фронт.

Властите го забранија собирот и порачаа дека нема да толерираат повици за омраза бидејќи во овие тешки времиња потребно е да останеме сите заедно едни до други. Но за Идентитетската генерација собирот е само одложен.

Сите политички партии во Белгија го осудија насилниот упад на 500 хулигани на бриселскиот плоштад. Освен една. Владеачката фламанска националистичка НВА.

Белгиските медиуми уште одамна ги открија сомнителните симпатии кон екстремизмот на некои од нејзините видни членови. Лидерот на НВА кусо изјави дека не треба да му се дава важност на овој настан. Со тоа домино ефектот доби зелено светло.

Брисел екстремна десница Исламска држава терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.