Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Филипче: Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек, жалам што не го почнавме проектот за нов клинички центар

0
By НОВА ТВ Balaban on December 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелирам опозицијата во наредниот период да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница, рече Филипче

Горд сум на сите процеси кои се одвиваа инклузивно, навистина сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Горд сум на тимскиот дух, кажа денеска министерот за здравство во заминување, Венко Филипче.

А еве за што тој најмногу жали:

– Тоа за што најмногу жалам е што не успеавме да го почнеме проектот за нов клинички центар. Убеден сум дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисоко ниво на здравствена заштита – тоа е терцијерната. За да се модернизираат условите во кои работиме, и покрај сите реновирања кои ги правиме, сепак, новата модерна медицина, интегрираниот тип на здравствена услуга бараат и поинаква инфраструктура – рече Филипче.

Тој додаде:

– Има нова апаратура која не може да се внесе во малите операциони сали коишто сега ги имаме, тоа бара еден нов концепт. Апелирам опозицијата во периодот кој доаѓа да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница, додаде министерот.

Филипче кажа и дека не се познава со Беким Сали, а најави дека ќе иницира средба со новиот министер за здравство.

– Со Беким Сали не се познавам лично, но ќе иницирам состанок. Ќе му оставам порака да биде одговорен и транспарентен и достапен за новинарите, додаде  Филипче.

Министерот го истакна и функционирањето во времето на пандемијата со ковид-19.

– Прво, горд сум што имавме одлична соработка и координација во едни од најтешките периоди во историјата на државата. За жал, нè снајде пандемија во целиот свет и кај нас. Ние, здравствените работници покажавме дека со ентузијазам и со голема желба и љубов кон работата, може да се успее во целокупниот третман на пациентите и реорганизација на пациентите. Успеавме да обезбедиме болнички кревети и третман за сите пациенти. Понатаму, горд сум на тоа што направивме сите процеси во Министерството за здравство инклузивно да се одвиваат – никој да не останува по страна и во креирањето на политиките да учествуваат сите чинители – колегите со стручните здруженија, здруженијата на пациенти со различни болести и граѓанските организации. Ме прави горд и тоа што, со голема помош на премиерот Зоран Заев, успеавме да инвестираме речиси 30 милиони евра во овие четири години за да се зголемат примањата на здравствените работници и сега платите, заедно со дежурствата, некаде се скоро удвоени во однос на 2017 година, рече министерот Филипче, кој стапи на оваа функција во 2017 година.

 

 

Венко Филипче Горд Клинички центар пациент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.