Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Хан за НОВА: Новата влада ќе мора да соработува со СЈО

0
By Светлана Јовановска on November 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 22:34

Ви благодарам што го прифативте ова интервју. Првото прашање е за Специјалното јавно обвинителство. Мислите ли дека мандатот на СЈО ќе биде продолжен по изборите?

Јоханес Хан:

Како што веќе реков и порано, фокусот треба пред се да биде на изборите кои треба да бидат фер и транспарентни, да бидат меѓународно признаени. Потоа се надевам дека новата влада ќе биде брзо формирана и потоа таа влада дека ќе ја презентира својата програма. А таа програма мора да содржи примена на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети. Дел од тоа е длабока и комплетна истрага и решение на скандалот со прислушувањето. Во таа насока очекувам јавната обвинителка да ја продолжи својата работа, а сето друго да биде одлучено во дадениот момент.

Дали тоа значи дека вие го поддржувате барањето на СЈО за промена на Законот за заштитени сведоци и примената на препораките на Венецијанската комисија? Во таа насока, мислите ли дека ВМРО-ДПМНЕ – знаеме дека СЈО не е омилената институција на оваа партија – ќе може вистински да соработува со СЈО доколку победат на изборите?

Јоханес Хан:

Во однос на вашето прво прашање, не сакам да интервенирам во оваа ситуација. Мојата задача е да се погрижам специјалната обвинителка и нејзниот тим да ја вршат нивната работа без никакво влијание од надвор и на професионален начин. Таа има одговорност за тоа.

Второ, мислам дека секоја нова влада треба да разбере дека европската перспектива е можна само ако проблемите од минатото се решени. Имаме две години на политички неволји и се надевам дека изборите ќе му стават крај на тоа.

Морам исто така да подвлечам дека изборите не се крај на сé. Изборите се само почеток. Бидејќи во текот на долг период политичките играчи беа преокупирани и опседнати со изборите. Но нашата препорака е условена и тие не треба да заборават дека треба да ги применат договорот од Пржино кој не е имплементиран и она што беше договорено помеѓу клучните политички играчи, опозицијата и владата. А тоа се Итните реформски приоритети. Тоа за нас е важно.

Знаеме дека Македонија назадува од 2010 година на европскиот пат и тоа го покажуваат вашите извештаи. Мислите ли дека владеачката партија, ако ги добие изборите, ќе може поинаку да работи и да ја врати Македонија на европскиот пат?

Јоханес Хан:

Искрено и ние имаме наши обврски. Ако земјата го прави она што од неа се бара, а мислам дека нашите земји членки ја научија лекцијата, тогаш и ние од наша страна треба да испорачаме. Во спротивно ќе ја загубиме нашата политичка моќ. Всушност не е тоа дали да или не ќе се загуби политичката моќ туку станува збор за интергација на значајни земји од регионот во ЕУ. Сите земји од Западниот Балкан се опколени со земји членки на ЕУ. Оттука природно е тие, порано или подоцна, да станат членки на ЕУ, да ги користат бенефициите на ЕУ и да придонесуваат. Оттука би требало да има интерес во овие земји, тоа би ги стабилизирало овие земји и од економски и од политички или општествен аспект, луѓето нема повеќе да мигрираат итн. Тоа е важно. Ние имаме наши обврски, ние мораме да ги убедиме и да им покажеме на нашите граѓани дека процесот на зачленување придонесува и за понатамошн стабилизација на ЕУ.

годишен извештај за напредок Договор од Пржино избори 2016 година интервју Итни реформски приоритети Јоханес Хан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.