Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Лансирани сателитите Албанија 1 и 2, вселенската алатка ќе се користи и во борба со нарко криминалот

0
By Ана Василевска on January 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си
Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа, на 3 јануари, објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида. Двата сателита ќе ја чинат Албанија шест милиони долари за период од три години, а владата во Тирана ќе има приоритетен пристап до нив. Сателитите ќе и користат на државата и за борба со организираниот криминал, трговијата со наркотици, подобра идентификација на опожарени подрачја.

Рама сподели видео на Фејсбук на кое се гледа моментот на лансирањето.

„Речено, сторено. Лансирана е ракетата Фалкон 9, која ги носи нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената“, напиша Рама, пренесува порталот Радио-телевизија на Албанија.

Тој истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.

Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си
Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си

„Од денеска Албанија има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територијата, обезбедувајќи во реално време важни податоци за голем број клучни аспекти за одржлив развој“, објави албанскиот премиер на својот Фејсбук профил.

Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си
Сателит Албанија 1, Фото Би-би-си

Сателитите беа ставени во орбитата со ракетата Фалкон 9 како дел од мисијата „Транспортер-6“, во чии рамки во орбитата ќе бидат испратени 114 микросателити и други вселенски летала.

„Целта на двата сателити е подобра контрола на албанската територија. Вселенската алатка ќе се користи за прашања поврзани со граѓанските работи во земјата и борбата против организираниот криминал или за контрола на наркотици, како и за идентификација на запалени подрачја“, јавува порталот Радио-телевизија на Албанија.

Извор Радио Слободна Европа

 

Албанија Еди Рама Сателити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.