Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Најголемата маана на Европа

0
By Светлана Јовановска on May 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 29, 2016 09:16

Можеби ке се согласите со мене дека она што најмногу сите нé нервира кај Европската унија е нејзината бавност. И нејзиниот комплексен систем на одлучување. Но овој пат оваа европска маана за Македонија може да биде позитивна и добредојдена.

Да направиме споредба со огромен танкер кој тргнал на пат преку океанот. За да може да ја смени насоката, на танкерот му е потребно многу време. Европската унија e голем танкер.

Кога таа ќе донесе една одлука, од неа тешко, многу тешко се откажува. Секоја одлука мора да мине низ повеќе процедури и што е најважно, низ зелено светло на 28 различни влади на земјите членки. Токму таа бавност е во овој момент голем адут за Македонија.

Сите сме сведоци на фактот дека европската препорака полека си заминува и не напушта. Соочена со македонскиот недостиг на демократија и залезот на правната држава. Излезниот пат на препораката почна со политичката криза. Потоа на сцената стапи лошата примена на договорот од Пржино.

И сега излезната врата ширум ја отвори Ѓорге Иванов со аболицијата. Европа чека Иванов да ја затвори оваа врата. Неговиот последен обид со повлекување на аболицијата за 22 лица не е убедлив.

Или како што рече Јоханес Хан, ова не е доволно. Ако Македонија вака продолжи, препораката дефинитивно ќе не напушти во октомври при следниот извештај на Комисијата.

Но, . На европскиот танкер ќе му треба многу време за да го смени правецот. И уште повеќе време за да направи преседан со одземање на веќе дадена препорака. Повеќедецениската европска историја не памети ваков настан.

Сепак, тоа нема да се случи само од себе. Ќе мораме навистина да излеземе од политичката криза. Но не со финтите на Иванов, туку со вистинска примена на договорот од Пржино и со вистинска правда за секој кој се огрешил од законот.

Ние ќе знаеме дека политичката криза завршила оној ден кога повторно ќе почнеме да се секираме за спорот со името. Во овој момент само оние кои не разбрале за што станува збор мислат дека решавање на спорот може да ги реши нашите натрупани проблеми.

Договор од Пржино ЕУ хроника Иванов препорака за членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.