Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Николовски: Наредната недела нема бегање, одредуваме датум за избори

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2020 14:18

Секој потег, секоја одлука и секоја политика на СДСМ е и ќе биде исклучиво во функција на граѓаните, во интерес на државата. За нас најважни се граѓанитe. Секое одлагање на изборите подалеку од крајот на јуни е туркање на земјата во голема политичка, економска и здравствена криза, истакна Љупќо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Во обраќањето до јавноста тој истакна, како што рече, три клучни приоритети на партијата за наредниот период – заштита на здравјето на граѓаните, нова и брза трансформација на економијата и функционални институции кои се гарант за силна демократија

„Сите досегашни параметри укажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Македонското јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата. Го заштитивме здравјето на граѓаните и ја вративме довербата во институциите. Веќе го живееме новото нормално“, порача Николовски.

Според него, време е таа нова нормалност на здравствен, економски, но и демократски план да се обезбеди.

„За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија, потребни се избори во првиот можен термин. Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи и епидемиолошките стандарди, особено денот на изборите“, наведе генералниот секретар на владеачката партија.

Протоколите со заштитни мерки за средби, состаноци, курсеви се веќе објавени од Комисијата и усвоени од Владата. На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека е изготвен и Протокол за изборниот процес, за спроведување на кампања и за одржување на самиот процес на гласање.

„Сите ќе се построиме по нив и ќе спроведеме најпрофесионални избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки. Сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме да се втурнеме си сите сили во рестарт на економијата“, истакна Николовски.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и опозициската партија рече „бегаат од избори и се плашат од соочување со граѓаните. Сакаат неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните. Тоа нема да го дозволиме“.

„Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне земјата во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на здравствената криза. Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови, изјавуваше дека СДСМ ја посакувала здравствената криза, поднесуваше кривични пријави против Венко Филипче, ширеше невистини додека целата јавност ги гледаше неговите слики од теретана и прошетки на Водно. Дури и прогласувањето втора вонредна состојба Мицкоски ја оцени како противуставна“, рече Николовски.

За Мицкоски порача оти „знае дека нема да стане ниту мандатар, ниту премиер, знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите кога и да се одржат“ и најави дека „наредната недела нема бегање, одредуваме датум за избори“.

избори Љупчо Николовски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.