Воз што сообраќал на релација Краљево – Рашка во Србија утрово излетал од шини и заврил во карпа поради голем одрон што сè уште е на пругата. Со полесни повреди се здобил машиновозачот на композицијата кој е префрлен во болницата во Здравствениот Дом во Рашка. Покрај него, во возот се наоѓале и кондуктер и, за среќа, само еден патник.

Инцидентот се случил околу четири часот утрово, а, како што јавува РТС, со оглед дека одронот бил веднаш по излез од тунел, машиновозачот немал можност правовремено да реагира и навреме да сопре. Железничкиот сообраќај во тој дел од Србија е во прекин, а како причина за одронот се наведваат обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден и ноќта.