Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Партиските преговарачи и нивните ставови по договореното

0
By Влатко Чаловски on July 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веднаш по објавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, дека е постигнат договор како продолжение на договореното од Пржино, партиските преговарачи излегоа со свој став и толкување на компромисот кој денеска го постигнаа.

Радмила Шеќеринска од СДСМ смета дека денешните вести се позитивни за излез од кризата бидејќи договорени се најнапред услови за фер и демократски избори па потоа одлука за датум.

-Владата договорена во Пржино, Владата којашто има за цел да организира фер и демократски избори ќе се врати, а Законот за внтарешни работи којшто беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година.  Ваквиот развој на настаните и ваквиот договор обебзедува услови Македонија да заврши со оваа криза којашто ни однесе многу време, многу енергија и да обезбеди услови за фер и демократски избори, потенцираше Шеќеринска, која порача дека со ова се става крај на криминалното владеење на Никола Груевски.

Шеќеринска напомена дека ако сите се држат до договореното, кризата ќе се реши, избори ќе има на 11. декември, а МВР (најспорното прашање во преговорите) ќе престане да функционира како огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

И Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ изрази задоволство по постигнатиот договор. Тој вели се отвора можност да се организираат кредибилни избори на кои ќе учествуваат сите и на коишто народот ќе одлучи кому ќе му ја даде довербата.

Тодоров потенцираше и дека очекува на следните избори народот да одлучи и да поддржи проекти и дела, градби, реформи, наместо, како што изјави, уништување и криза.

– Со овој договор се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да прави масовни партиски чистки во МВР и оти со ова по завршувањето на изборите завршува оваа влада која што, односно целиот тој тим на министри, заменици, дополнителни заменици коишто ќе бидат во владата нивниот мандат ќе престане по сила на закон од  страна на ДИК, изјави Тодоров, додавајќи дека е задоволен што на виделина ќе излезат лагите и манипулациите на СДСМ.

Тодоров нагласи и дека тоа што СДСМ го барале, сега го добиле и дека прочистувањето на Избирачкиот список от список цело време бил едно добро смислено алиби за блокирање или немање избори во Македонија.

Артан Груби од СУИ, вели единствен можен датум за избори годинава е 11 декември според тоа што е потпишано во договорот.

Договорот, појасни, исто така предвидува и ангажман на Собранието на Република Македонија и на Владата околу евроатлантските интеграции, како и спроведување на Охридскиот договор и анализата предвидена во Извештајот на ЕУ.

– Во делот на кадровските промени по завршување на мандатот на Пржинската влада првпат во историјата на Република Македонија министер за внатрешни работи ќе биде Албанец, тоа ќе биде заменик министерот во Министерството за внатрешни работи во периодот се до изборот на новата влада, изјави Груби.

Тоа значи дека министер за внатрешни работи ќе биде сегашниот заменик-министер Агим Нухиу, откако ќе се повлечат најпрво сегашниот министер Митко Чавков, па министерот од “Пржинската влада“, Оливер Спасовски, се до именувањето на перманентниот министер кој ќе треба да дојде од партијата која ќе победи на изборите, во тој краток период.

Преговарачаот на ДПА, Имер Алиу рече дека тие не сакаат да бидат дел од Пржинската влада задолжена за организирање фер и демократски кредибилни избори, поради принципиелни причини и истакна оти одговорноста за примената на постигнатиот договор е на трите парии што ќе бидат дел од таа влада.

Скептични сме, рече Алиу, дека останатите три партии ќе го имплементираат овој договор.

– Силните гаранции од страна на меѓународниот фактор се доволна причина за нас да веруваме дека еднаш и засекогаш кај албанскиот дел посебно манипулациите на изборите, полнењето на кутиите и фалсификување на изборите ќе заврши. Ние со учество на овие избори спречивме масовно бришење на Албанците од избирачките списоци, изјави Алиу.

ВМРО-ДППМНЕ Договор од Пржино ДПА ДУИ избори Пржинска влада СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.