Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Пендаровски: Не може странците место нас да ни го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 7, 2023 15:21

„Европска унија, Вашингтон поддржуваат промена на уставот за да го продолжиме европскиот пат. Не може странците место нас да го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите“, вели меѓу другото претседателот Стево Пендаровски во првиот дел од опширното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа .

Тој ги наведе двата главни наративи со кои се служи дел од опозицијата, во однос, и во пресрет на Уставните измени.

„Објективно, јас ги слушам тие шпекулации „ако реши меѓународниот фактор, ако беше некоја моќна држава“, дека тој проблем може да се надмине. Тоа се митови. Никогаш ниеден битен, па и помалку битен проблем во Македонија не е решен од странците. Странците, може да поддржуваат одредена варијанта на опција за излегување од криза, или за надминување на проблем или предизвик да поддржуваат, како што прават и сега. Европска унија, Вашингтон поддржуваат промена на Уставот за да го продолжиме европскиот пат. Не може странците место нас да го решат проблемот, тој што мисли така се лаже себеси, ги лаже и другите. Следејќи ги двата главни наративи околу проблемот со уставните промени, едната страна која вели бенигна е работава…

Седум народи, делови од народи имаме веќе во преамбулата на уставот и уште шест да поставиме нема да се загрози сигурно стабилноста на Северна Македонија и нејзината иднина. Бидејќи 22 години наназад од Рамковниот договор па наваму ги имаме сите тие народи, и делови од народи и државата не пропадна. Напротив, мое убедување е дека внатрешната кохезија и чувството на лојалност кај многу од нив, од таканаречените помалубројни етнички заедници само се зголеми, не се намали. Бидејќи Македонија ја чувствуваат повеќе од пред 2001 година како своја татковина.“, посочува Пендаровски.

„Вториот наратив вели – лош е договорот со Бугарија уште полоша е таканаречената европска преговарачка рамка, кога ќе дојдеме на власт, ние ќе направиме подобар договор со Бугарија и подобра европска рамка. Овие два наративи се судираат директно еден со друг, значи не може да живеат една покрај друг, или со едниот или со другиот, ќе продолжиме понатаму да живееме. Мое убедување е дека вториот наратив која го користи опозицијата е директно спротивен на македонските стратешки, национални и државни интереси.“, заклучи Пендаровски.

Разговорот го водеше: Дестан Јонузи

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Ангел Ангеловски


Интервјуто е дел од редакциската соработка на Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.
Меѓународен фактор Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.