Автомобил во пламен на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“. Засега нема информации како се запалило возилото и дали има повредени лица. Колку што може да се забележи од видео инсертите на ТВ Телма, нема зафатено други возила на паркингот, иако дел од медиумите пренесоа дека оштетени се уште три возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат, а на терен биле испратени две возила и осум пожарникари.

Пожарот е пријавен во ТППЕ во 13:32 часот.