Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Протести пред СПУКМ, пленумци бараат поништување на изборите

0
By Влатко Чаловски on June 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 30, 2016 22:09

„Поништи ги изборите“ е пораката од Студентски пленум до в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спироски по денешните избори кои беа засенети со низа нелигитимности.

Пленумот веднаш по насилното крадење на кутиите со гласачките ливчиња се упати пред седиштетото на СПУКМ, со цел да се соочи со претставниците на Парламентот а воедно ја контактираа и полицијата поради нарушување на јавен ред и мир и како што велат, насилство од страна на претставници на Парламентот.

– Побаравме да се поништат за нелигитимни и невалидни овие избори без разлика што цели две две недели дека целиот процес е луд. На Кирил Спироски му дадовме рок од еден час да ги поништи изборите бидејќи ние ќе останеме тука додека тој не излезе, вели за НОВА, Деа Здравковска од Пленумот.

Според Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права пак, загрижувачки е начинот на кој денеска се одвиваа протестите и е само показател за однесувањето на владејачката партија кога се работи за правото на глас.

– Не беше само тајноста повредена на гласањето на студентски избори, туку и сите стандарди. Гласачкото ливче ниту имаше печат ниту бројче а владејачката партија со бруталното крадење на гласачките кутии само уште еднаш ја покажува моќта. Ние (Хелсиншки комитет) ќе поведеме постапка и ќе изготвиме специјален извештај…Не може да стане збор за легитимни избори и за легитимно изборен претседател на СПУКМ. Ова што го видовме е скандал и само уште еднаш покажува каков е манирот на владеење во Македонија…Во Македонија веќе подолго време не можеме да зборуваме за владеење на правото. Можам да гарантирам дека постапката ќе ја водиме до крај но поради нефункционирање на системот не можеме да очекуваме исход, вели Пировска.

А од Студентскиот Парламент пак, во меѓувреме велат единствениот проблем е што се “скандализираат слободните и демократски избори кои се мета на постојана репресивност и скандализирање од одредени политички кругови“.

– Иако во текот на гласањето упативме апел да се почитува правото на глас на студентите, политички мотивираниот Студентски пленум не го испочитува истото и цело време се обидуваше да го наруши изборниот процес.

СПУКМ изразува жалење за обидот на Студентскиот пленум да го наруши гласањето за избор на нов студентски лидер, со што уште еднаш покажа дека е политички мотивиран и не работи за студентите и студентското достоинство.

Денес и покрај сите подметнувања, притисоци и опструкции на изборите од страна на Студентскиот пленум, победи демократијата и победија студентите со што покажаа дека нема потклекнување на студентското движење на разно разни политички иницијативи и обиди за политизација на студентското движење, се вели во соопштението на Студентскиот Парламент.

 

СПУКМ Студентски пленум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.