Минатиот петок Доналд Трамп пристигна во Белата Куќа со неговата сопруга Меланија пред официјалната церемонија на инаугурација. Притоа имаше многу работи поради кои 45. Претседател на САД беше критикуван за постапки во текот на целиот ден, но една за која беше најмногу осудуван и исмејуван беше моментот кога излезе од неговата лимузина и се упати кон Барак и Мишел Обама, оставајќи ја првата дама сама. Меланија му се придружи, држејќи подарок во рацете од „Тифани“, кој и го даде на нејзината претходничка.

Ако се погледнат претходните четири инаугурации на претседатели на Америка, може да видите како секој од нив ја чека сопругата до автомобилот и потоа приоѓа кон претседателскиот пар во Белата Куќа. Тоа не го стори единствено Доналд Трамп. Навистина е посебен…