Забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници.
Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фор дер Лајен нацист, соопштија денеска од СДСМ.
Во реакцијата од СДСМ се нагласува:
„Скандалозно, за ВМРО-ДПМНЕ Фон дер Лајен е Нацист! Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски освен што го резилат Собранието директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“.
Линк до видео: https://youtu.be/v8M_w45WgXQ