МВР информираше дека избил пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија.

-Околу 18:42 часот во текот на вчерашниот ден во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотивата. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино, стои во полицискиот билтен.

Вчера на ТикТок се појави и видео од немилиот настан, на кое се гледа како неколку луѓе се обидуваат со кофи со вода да го изгаснат пожарот, при што од локомотивата излегува густ чад.

@kristene_trinchera

♬ original sound – user3235497001945