Најмалку 100 лица загинаа или се повредени во силната експлозија што одекна во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз што ја предизвика бомбаш самоубиец.

Експлозијата се случи за време на денешната молитва, кога припадници на шиитското верско малцинство се собираат во голем број на богослужба. Специјалните сили на талибанците стигнаа на местото на настанот во провинцијата Кундуз и веднаш започнаа истрага.