Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Со договорите во Тирана во рамките на „Отворен Балкан“ единствениот пазар на трудот и услугите за граѓаните во регионот стануваат реалност, а чекањето на границите се сведува на минимум

0
By НОВА ТВ Balaban on December 21, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија, Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија и домаќин на Самитот, Еди Рама, заедно со нивните тимови, денеска во Тирана потпишаа пет договори кои беа најавени на промоцијата на „Отворен Балкан“ во Скопје во јули оваа година.

Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија, Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот. Со одредбите од договорот се поедноставуваат процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.

Со Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ остварување на можноста за пристап  до  пазарот на труд во трите земји, како и за други услуги од сферата на бизнисот и други области од заеднички интерес за граѓаните од регионот.

Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика ги уредува формално-правните аспекти на ова прашање, и ќе ја олесни  трговијата со живи животни, храна и добиточна храна од животинско, неживотинско и мешано потекло, растенија, растителни производи и други објекти и предмети.

За исполнување на одредбите и за ефикасност во остварување на придобивките од овие договори, денеска во Тирана се потпишани и билатералните договори меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, и меѓу владите на Република Албанија и Република Србија за взаемно признавање на одобренија за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност.

Со овие договори се воспоставува соработката, заснована врз заеднички стандарди и взаемно признавање на резултатите од спроведените контроли, и ќе претставува средство за олеснување на легалната трговија и ефикасно спречување на недозволената трговија и царинските неправилности во државите потписнички на Спогодбата, но и пошироко.

Овие договори носат повеќе придобивки како што се полесен пристап и поедноставни царински постапки, намален број на физички и документациски контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.

Сето ова треба да придонесе за остварување на целите на регионалната соработка како што се намалување на времето на спроведување на царинските постапки  за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на националниот, регионалните и европските пазари.

На состанокот на лидерите на трите земји од „Отворен Балкан“ што претходеше на потпишувањето на договорите беше истакнато дека од првата средба во Скопје во јули до потпишувањето на договорите денеска во Тирана, владите на Албанија, Србија и Северна Македонија, силната политичка волја ја трансформира во ефикасни резултати на институциите за спроведување брзи и напредни реформи и политики за регионална соработка.

 

Александар Вучиќ договорите Еди Рама Зоран Заев отворен балкан Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.