Додека родителите на шестмесечниот Бошко Гуглета од Нови Сад, кој боледува од спинална мускулна атрофија тип 1 (СМА), со помош на добри луѓе се борат да соберат пари за „золгенсма“, најскап лек за оваа неуромускулна болест, се соочија со срамна кражба на хуманитарната кутија со донации во едно кафуле на Лебедово брдо во Белград, пренесува „Новости“. Веста ја објавија родителите на малиот Гуглета на Фејсбук профилот „И Бошко да ја победи СМА“.

– Оваа ситуација многу нè растажи. Денеска се јавуваме многу тажни, бидејќи на сета мака што нè снајде, дојде уште еден удар за нас како родители. Во едно кафуле на Лебедово брдо е украдена хуманитарната кутија што беше наменета за нашиот Бошко, наведоа родителите.

Борејќи се со целата ситуација, како што наведуваат, се обидуваат на различни начини да ја потиснат тагата, стресот и прават максимални напори да стигнат до средства за „золгенсма“, а кражбата на кутијата им дојде како сол на рана.

– Оваа кнедла мора некако да ја проголтаме и да продолжиме натаму со апел до локалите во кои се наоѓаат кутиите да обрнат внимание на нив. Изгледа дека огромната сума на пари што е потребна, не е единствена пречка со која треба да се избориме. Ние не се откажуваме, заедно со лек за нашиот Бошко.