Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Србија од утре го забранува извозот на брашно, масло, пченица и пченка

0
By НОВА ТВ Balaban on March 9, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 10:34

За три дена извозот на маслото за јадење се зголемил за 109 отсто, рече тој 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за телевизијата Б92 изјави дека од четврток ќе биде забранет извозот на масло, пченица, пченка и брашно.

– Извозот на пченица и брашно во претходните два дена толку скокна што мораме да го забраниме, изјави тој и додаде дека „Србија ќе има доволно за себе и за регионот“.

Тој рече дека за три дена извозот на маслото за јадење се зголемил за 109 отсто.

Вучиќ појасни дека одлуката на Владата на Србија за начините за намалување и ослободување од царина за одредени стоки е подготвена и нагласи дека ќе се однесува на нафтата од трети земји, доколку Србија ја увезе, за да се овозможи снабдување на пазарот.

Како што изјави во интервјуто за телевизијата Б92, во последните 24 часа имало страшни нарушувања кои ќе имаат последици за се што се случува во Србија, а изјави дека САД решиле да не увезуваат руска нафта и гас и дека слична одлука била донесена и од Велика Британија, а Србија ја чека одлуката на Европската Унија која околу 40 отсто од гасот го добива од Русија.

„Ако одлуката е да се забрани увозот на сите енергенси од Русија, тогаш и ние сме во неволја, немаме каде да го добиеме, ниту нафта, ниту гас не може да „падне од небо“. Бараме од каде би можеле да го набавиме“, рече Вучиќ.

Нафтената индустрија на Србија (НИС) бара увоз на енергенси од трети земји.

Тој посочи дека би сакал Украина и Русија да постигнат договор, но дека не верува дека тоа ќе се случи и оти очекува руската офанзива да продолжи.

Вучиќ нагласи дека „се наоѓаме во најголемата криза од 1945 година“.

 

Александар Вучиќ го забранува Извозот Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.