Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Столтенберг: Нашата порака е јасна – НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!

0
By Ана Василевска on February 13, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
  • Максималната поддршка од НАТО за Украина, клучна тема и на министерскиот состанок на 14 и 15 февруари.
  • НАТО не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење.
  • Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја започна денешната прес конференција во Брисел со информација за помошта што Алијансата ја пружа за турскиот народ по разорниот земјотрес минатата недела.

„Нашите мисли остануваат со турскиот народ по разорните земјотреси минатата недела. Илјадници луѓе во состав на единиците за одговор при итни случаи од сојузниците на НАТО ги поддржуваат напорите за помош. Ви нив се вклучени и тимови за потрага и спасување, пожарникари, медицински персонал и сеизмички експерти. Покрај тоа, сојузниците на НАТО и НАТО распоредуваат засолништа за сместување на луѓето раселени од земјотресите. Ние стоиме во силна солидарност со нашиот сојузник Турција“.

Столтенберг ја одржа оваа прес конференција во пресрет на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел, во, како што рече тој, „важен момент за трансатлантската безбедност.“

„Ќе донесеме одлуки за зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Ќе се осврнеме на нашиот индустриски капацитет и ќе ја зголемиме заштитата на нашата критична подморска инфраструктура.“

Воедно, генсекот на НАТО уште еднаш ја изрази максималната поддршка за Украина и најави дека тоа ќе биде клучна тема на министерскиот состанок. Тој оценува дека Путин не се подготвува за мир, туку за нови офанзиви, цела година по започнувањето на инвазијата со големи размери против Украина.

„Ќе ја засилиме и ќе ја одржиме нашата поддршка за Украина. Речиси една година од инвазијата, претседателот Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви. Затоа, ние мора да продолжиме да и даваме на Украина она што и е потребно за да победи. И да се постигне праведен и одржлив мир“, изјави Столтенберг.

Тој најави дека на министерскиот состанок на 14 февруари ќе учествува и министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, како и Контакт групата за Украина предводена од САД.

„Јасно е дека сме во трка на логистика. Клучните потреби како муниција, гориво и резервни делови мора да стигнат до Украина пред Русија да ја преземе иницијативата на бојното поле. Брзината ќе спаси животи“, изјави Столтенберг.

НАТО, според генералниот секретар, не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење.

„Ако Путин победи во Украина, пораката до него и до другите авторитарни режими е дека агресијата е наградена. Тоа би го направило светот поопасен. И сите нас поранливи“, изјави Столтенберг.
Тој ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците за нови тенкови, тешко вооружување и обука за Украина и додаде дека со нетрпение очекува понатамошни испораки.

„Нашата порака е јасна. НАТО стои со Украина. Колку што е потребно“, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО најави дека оваа недела се очекува сојузниците да се согласат да воспостават нова виртуелна мрежа на национални и комерцијални сателити.

„Ова ќе ги подобри нашето разузнавање и надзор. И ќе ги поддржува мисиите и операциите на НАТО. Тоа ќе им овозможи на сојузниците да го зголемат споделувањето на вселенските податоци со командната структура на НАТО, за олеснување на подобра навигација, комуникација и рано предупредување за лансирање проектили“, објасни Столтенберг.
енсекот на НАТО се осврна на потребата за континуирано инвестирање во одбраната и најави дека министрите ќе разговараат за начините за одржување и засилување на трошоците за одбрана низ Алијансата.

„Ние сме на вистинскиот пат, со осум последователни години зголемување на европските сојузници и Канада. И дополнителни 350 милијарди долари потрошени досега. Очекувам дека оваа година ќе видиме дополнително зголемување на трошоците за одбрана. Треба да го задржиме моментумот“, соопшти Столтенберг.

Со тоа, вели Столтенберг, ќе се подобри безбедноста на луѓето во овој сѐ поопасен свет.
Во одговорите на едно од многубројните прашања, генералниот секретар на НАТО остро ја осуди Белорусија и ја нарече соучесник во нелегалната војна на Русија. Иако Белорусија не испрати свои војници во Украина, тие ја овозможија агресијата од своја територија и одржува вежби долж границата.

Џ. Дерала од Брисел

Брисел Војна во Украина Јенс Столтенберг НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.