Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Три нови истраги на СЈО: „Попис“, „Моќник“ и „Актор“

5
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора три нови истраги со кодни имиња „Попис“, „Моќник“ и „Актор“.

Како што кажа обвинителката  на СЈО Фатиме Фетаи во првата истрага „Попис“ осомничени се поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети – според прислушуваните разговори постојат основано сомневање тие во октомври 2011 ја злоупотребиле службената  положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис.

 -Осомничените во половина од октомври се договориле да го стопираат процесот, бидејќи сметале дека пописот ќе им нанесе штета на партиските рејтинзи , но за да избегнат одговорност одлучиле образложението за прекинување на пописот преку медиумите да го презентираат како последица од техничка природа и наводна некадарност на пописната комисија да ја спроведе постапката.  Парите предвидени за пописот, соомничените одлучиле да ги фрлат во вода со што го оштетиле буџетот за над 175 милиони денари, рече Фетаи.

Во втората истрага „Моќник“ осомничени се пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко,  екс градоначалникот на Македонски брод и уште десетина лица за измама и злоупотреба на службената положба и овластување, а во врска со купување на државен имот. Пратеникот и неговиот татко преку градоначалникот, ги довел во заблуда презентирајќи им лажни факти на советниците на Македонски Брод кои во 2011 година донеле одлука за продажба на објект на задружен дом преку јавна набавка.

-Градоначалникот одлуката за јавна набавка не ја објавил во службен весник со што за неа знаеле само прво и второ осомничениот кои биле единствени на аукцијата. Инаку тие знаеле дека  објектот е во државна сопственост и е на територијата на општина Пласница, во кој биле сместени  службени простории. Откако дознал дека објектот  е продаден градоначалникот  на оптштина Пласница повел постапка за случајот по што била формирана владина комисија која одлучила случајот да биде ревидиран. Но, и покрај вакавта одлука не било постапено по неа. Знаејки за блискоста на градоначалникот на Пласница со судија во кичевскиот суд, пратеникот искористувајки го своето влијание поттикнал да му престане функцијата на судијата односно да биде лустриран, образложи Фетаи.

Благодарение на ваквата одлука на Советот, кој гласал во апсолутна заблуда за предметот на продажба и правниот статус на истиот, по спроведената противправна постапка за продажба и по продажбата на имотот од страна на осомничениот градоначалник на второосомничениот, нанесена е значителна штета на имотот на Република Македонија во вредност од 1.795.800,00 денари, а за продажбата на земјиштето нанесена е значителна штета на општината Македонски Брод во вредност од 1.176.000,00 денари или, вкупно нанеле значителна штета од 2.971.800,00 денари или, околу 50.000 евра, открила истрагата на СЈО.

Третиот случај е за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде тендерот го доби грчката фирма „Актор“. СЈО ги сомничи поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески с за злоупотреби при доделување на тендерот за изградба на автопатот. При зделката, „Актор“ се здобил со добивка од повеќе од 7 милиони евра. Според обвинителката Фетаи, на тендерот учествувала и фирма од Италија, која по налог на првоосомничениот Груевски, не била избрана зашто била поврзана со „комуњарите“. Италијанската фирма имала најниска понуда.

Оваа истрага отвора за сомневање за перење на пари, што како што рече Фетаи, се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати по што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците.

На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година.

Предмет на истрага ќе бидат десет физички лица и четири правни лица.

Постои сомнение дека во 2012 година кога се оценувале понудите, првоосомничениот Никола Груевски го искористил своето влијание и не дозволил понудувач од Италија, „Тото“ да биде избран на тендерот“. Јанакиески ги повикал во својот кабинет да ја фаворизираат фирмата Актор од Грција. Иако биле свесни дека Актор не ги задоволува техничките критериуми, се соогласиле со барањето со што го злоупотребиле институтот на мнозинско избирање и дале позитивен одговор за оваа фирма, истакна обвинителката Фатиме Фетаи.

Шестоосомничениот како одговорно лице управител на подружницата на Актор АДТ Скопје, договорил трајна деловна соработка во вид на договор за вршење на подизведувачки работи со останатите осомничени одговорни лица како преставници на осомничените правни лица ГЛОБАЛ КОНСТРАКШН КОМПАНИ, ТОПОМЕТРИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ и ИНВИКТА БОРО ДООЕЛ Скопје, со единствена цел на пренос на парични средства од Актор АДТ Подружница Скопје кон правните лица Глобал Констракшн ДООЕЛ Скопје, Топометрија ДООЕЛ Скопје и ИНВИКТА БОРО ДООЕЛ Скопје.

Во повеќе наврати се исплатени износи од сметките на Актор АДТ Подружница Скопје кон сметките на правните лица Глобал Констракшн Компани, Топометрија и Инвикта во вкупен износ од 31.856.811 евра.

-Од сметките на АКТОР АДТ Подружница Скопје кон сметките на Инвикта ДООЕЛ Скопје, искористувајки ист траен однос – договор за вршење на подизведувачки работи, биле исплатени пари во вкупен износ од 181.736.436,00 денари, околу 3 милиони евра, од кои што 35.777,951,00 денари околу 580.000 евра, веднаш по приливот во готовина му биле исплатени на осомничениот В С – основачот на правното лице – Инвикта Скопје по основ на дивиденда, по што се прикрива понатамошната локација и движењето на парите, констатира истрагата на СЈО.

-За илустрација, некој работник добивал од 6 до 7 илјади евра, а некој што бил прекваликуван добивал и повеќе. На вработени им биле исплатени 1.173.000 во денарска противвредност и во ист момент биле подигнати во готовина, рече Фетаи.

Со овие дејства опишани како предикатно дело прво и второсомничениот сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со ст.1 и в.в. со член 23 од КЗ, а останатите осомничени едно кривично делоб – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со ст.1 и в.в. со член 22 од КЗ

Со дејствата опишани во вториот дел на истрагата осомничените сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од 273 став 5 в.в. став 3 в.в. став 1 в.в. член 22 в.в. член 45 од КЗ.

 

 

 

Актор Ахмети Груевски Милошоски Моќник попис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.