Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Вардар се излеа во Скопје, утврдени три критични точки

1
By Нова ТВ on December 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2017 14:29

Утрово реката Вардар се прелеа од коритото во делот на скејт-паркот во Скопје. Екипи на Штабот за заштита и спасување извршиле увид на состојбата на теренот и утврдиле три критични точки на потегот  од скејт-паркот до мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“, потоа под зградата на ПИОМ во општина Аеродром и во Долно Лисиче, каде завршува регулацијата на реката Вардар, соопшти на прес конференција Емил Дуровиќ, началник на Штабот.

Тој рече дека нема место за паника и дека Градот Скопје е подготвен да се справи со можните излевања на Вардар. Најави 24 часовни дежурства на екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во соработка со Регионалниот центар за управување со кризи.

Според Дуровиќ се подготвуваат околу 10 илјади вреќи со песок, што најбрзо ќе почне да се поставуваат на критичните точки, бидејќи во текот на ноќта се очекуваат уште поинтензивни врнежи.

Тој информира дека работниците од јавните градски претпријатија со механизација веќе се на терен и го санираат насипот меѓу Горно и Долно Лисиче, кај железничкиот мост, што пред неколку години го кренаа екипите на „Улици и патишта“, а во меѓувреме беше уништен од несовесни граѓани во должина од 200 метри.

Подготвени се и пумпи за исцрпување вода, четири големи пумпи со капацитет од 8.700 литри во минута, како и 40-ина помали пумпи кои ќе се стават во функција доколку има потреба.

Вардар Град Скопје излевање Скопје Штаб за заштита и спасување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.