Пожарот што избил утрово во хотел во градот Нанчанг загинаа 10 лица, а повеќе од 300 луѓе се евакуирани, но се стравува дека некои од гостите останале заробени во огнената стихија.

На видеата што беа објавени на кинеските социјални мрежи се гледа густ облак од чад како се создава над хотелот.

Од вториот кат на кој избил пожарот, некои од гостите скокале низ прозор за да се спасат. Со пожарот се бореа повеќе од 150 пожарникари.

Се наведува дека пожарникарската акција е завршена, а постои сомнение дека пожарот го предизвикала машина што се користи за сечење на градежни материјали.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=4IZ3Gs9A2dk