Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Зига-зага, форца Несторовски: „Нестогол“ севна од контра

0
By Нова ТВ on October 27, 2016 СПОРТ
Фото: giornale di Sicilia
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нов гол на Илија Несторовски или „Несторгол“ како популарно го нарекуваат навивачите на Палермо. Репрезентативецот на Македонија со четврта клупска реализација во Серија А во оваа сезона, прва на домашен терен, што а крајот не беше доволна за бод(ови) на неговата екипа во последниот меч од 10. коло. Удинезе ги однесе трите бода од Сицилија по триумфот со 3:1 вечерва на „Ренцо Барбера“.

Несторовски ја погоди мрежата на гостите уште во 10 минута. Доби топката на средината на теренот и сам поведе контра иако против себе навлекуваше неколку противнички играчи. Претрча 40-тина метри, влезе во казнениот простор, избегна лизгачки старт за негово блокирање и покрај четворица фудбалери на Удинезе го совлада голманот Карнезис.

Тоа, сепак, не беше доволно за екипата да остане непоразена и да почне полека да ја напушта опасната зона. Теро во 36 минута и на двапати Фофана (74′ и 79′) реализираа за комплетен пресврт и конечна радост на екипата од „Фриули“. Со овој пораз, Палермо падна на претппоследната позиција на табелата во Серија А со само шест бода од 10 меча и со само едно реми во последните пет настапи. Во наредното коло ќе гостува на Сардинија на тимот на Калјари.

Несторовски досега постигнуваше голови на три гостувања на сицилијанците. Дебитантскиот го забележа во ремито (1:1) кај Кротоне, потоа реализира во Бергамо за триумф против Аталанта и во нерешените 1:1 во Џенова со Сампдорија. Покрај четирите во дресот на Палермо, Несторовски има и два за репрезентацијата на Македонија, по еден против Израел и Италија во квалификацииите за СП 2018 на почетокот на овој месец.

https://www.youtube.com/watch?v=u9s552ezGxE

Илија Несторовски Италија Палермо Серија А Удинезе фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.