Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вимблдон ќе добие нов шампион: Квери го запре Мареј, Ѓоковиќ предаде

0
By Нова ТВ on July 12, 2017 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енди Мареј го препушти вимблдонскиот трон и, многу веројатно, врвот на АТП листата. Британецот е елиминиран во четврт-финалето на гренслемот во Лондон, а за најголемото изненадување на машкиот дел од турнирот се погрижи Сем Квери кој славеше во пет сета со 3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1.

Американецот постојано му дишеше во врат на најдобриот светски рекет, беше упорен и во ниту еден момент не застрани од намерата. Имаше негатива од 2:1 во сетови, но четвртиот го доби со убедливи 6:1 како нагласена потврда дека е во голем налет, дека доминира и на добар пат е да оствари голема победа.

Тоа и се случи во решавачкиот петти сет. Ја задржа агресивноста од претходниот период, направи брејк во раната фаза што потоа го потврди за нови 6:1 и за конечен триумф.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Хрватот Марин Чилиќ кој, исто така, во пет сета го порази ветеранот Жил Милер од Луксембург со 3:6, 7:6, 7:5, 5:7, 6:1.

Поразот на Мареј, сепак, не го искористи Новак Ѓоковиќ. Се распрснаа соништата на српскиот тенисер за можно скоро враќање на лидерската позиција на АТП листата, откако беше принуден да го предаде мечот на Томаш Бердих поради болки во пределот на десниот лакт. Меѓу првиот и вториот сет побара и медицински тајм-аут, но ниту интервенцијата на лекарите не ја амортизира силната непријатност што ја чувствуваше.

Бердих го доби првиот сет со 7:6, поведе со 2:0 во вториот меѓутоа Ѓоковиќ беше принуден предвреме да подаде рака и да му посака среќа во мечот за финале.

Последен полуфиналист на Вимблдон е Роџер Федерер кој во три сета (6:4, 6:2, 7:6) го совлада Милош Раониќ.

Вимблдон/четврт-финале (м)

Резултати

Квери (24., САД) – Мареј (1., В. Британија) 3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1

Федерер (3., Швајцарија) – Раониќ (6, Канада) 6:4, 6:2, 7:6

Чилиќ (7., Хрватска) – Милер (16., Луксембург) 3:6, 7:6, 7:5, 5:7, 6:1

Бердих (11., Чешка) – Ѓоковиќ (2., Србија) 7:6, 2:0 – Ѓоковиќ го предаде мечот

Вимблдон Енди Мареј Сем Квери тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.