Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вкупно 74.946 македонски граѓани земале државјанство во ЕУ во последните 10 години

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2020 09:17

Вкупно 74 946 македонски граѓани во последните десет години земале државјанство на некоја од земјите во Европа, при што омилени дестинации се Италија, Швајцарија и Германија, покажуваат податоците на Евростат.

Само во 2018 година, земјите од Европската Унија издале вкупно 672.270 државјанства на граѓани од други земји, најмногу на жители од Мароко – 67.156, потоа од Албанија – 47.441 и од Турција – 28.386.

Од нашата земја во 2018 година, вкупно 7.627 граѓани зеле државјанство на некоја од државите во Европа. Најголемиот дел од нив во Италија – 3.487, потоа во Швајцарија – 1.606 и Германија – 945.

Ова е намалување за 450 лица во споредба со 2017 година во која 8.077 македонски граѓани земале државјанства на земји од ЕУ.

Во последните десет години, вкупно 29.428 македонски граѓани земале италијанско државјанство. Околу 14.000 тоа го сториле во последните три години од кои рекордни 6.771 во 2016 година.

По Италија, омилени земја за македонските граѓани биле Швајцарија и Германија каде во последните 10 години се иселиле по 16.935, односно 9.333 граѓани.

Во извештајот на Евростат се наведува и податокот дека во 2008 година, најголем број државјанства македонските граѓани земале на Бугарија – 3.637, по што нагло се намалува статистичкиот број и се движи од 200 до 400 граѓани.

Од регионот најмногу државјани во 2018 година загубила Албанија – 47.441 жител. Најголем дел од нив (51 процент) зеле државјанство во Грција, а 46 проценти од Италија.

Вкупно 8.693 жители на Србија во 2018 година земале државјанства на земји од ЕУ – најмногу (28,5 проценти) на Германија, на Италија (23,5 проценти) и на Шведска (14,6 проценти).

Од Косово вкупно 7.979 граѓани се преселиле во ЕУ, најмногу (48,2 проценти) во Германија, потоа во Италија (27,1 проценти) и во Австрија (7,1 проценти).

државјанство Евростат ЕУ Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.