Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Кампањата за референдумот ќе чини 1,3 милион евра

1
By Нова ТВ on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 22, 2018 16:12

Осумдесет милиони денари (1,3 милиони евра) ќе чини кампањата што ќе се спроведе за претстојниот референдум. На денешната владина седница е донесена одлука со која се задолжува Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на овие средства од тековната буџетска резерва.

Од Владата информираат дека доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија.

Одлуката за кампањата што треба да има информативен карактер, Владата ја донесе на минатата седница. Кампањата, како што информираат од Владата, ќе се базира на принципите на објективност, транспарентност и рационалност. Целта е да се информираат граѓаните за придобивките од влезот на Македонија во Европската Унија и НАТО, за конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство и да се повикаат да го остварат правото на гласање на референдумот и преземање на одговорност за носење важни одлуки.

Владата ќе информира преку соопштенија, брифинзи, изјави, прес-конференции, интервјуа и ТВ и радио гостувања, како и теренски посети, неформални средби, гостувања и учество на јавни настани. Ќе се користат и социјалните медиуми како Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за што Владата ќе одвои средства во износ од 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата, а останатите комуникациски алатки ќе се реализираат во рамки на редовните владини активности.

– Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективност, пропорционалност и рационалност, нагласуваат од Владата.

Владата од министерствата побара да кажат колку средтсва можат да издвојат за кампањата.  Министерстото за одбрана објави дека ќе стави на располагање нешто помалку од 60 милиони денари.

Според министерката Радмила Шеќеринска тоа се средства кои биле насочени кон активност во поддршка во нашата НАТО интеграција, но кои не се во делот на логистика ниту потреби на Армијата на Република Македонија.

Влада кмапања референдум средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.