Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги скрати парите -ХИВ епидемија тропа на врата

0
By Менче Атанасова Точи on October 11, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 11, 2016 12:24

 

Државата ги скрати парите за превенција за ХИВ, но и за други заболувања, парите за лекување на болните, а со тоа ги стави во опасност здравјето и безбедноста на граѓаните. Ова е година во која однапред знаеме дека следната ќе има епидемија на ХИВ И СИДА, ќе се зголеми бројот на смртни случаи.  Причината е во несериозната одлука на Владата и Министерството за здравство за кратење на буџетот во кој за следната година се предвидени само 27 милиони денари од потребните 65 милиони. Каква  монструозна одлука заради која во 21 век генерации ќе умираат од СИДА и туберколоза.

Македонија е земја со најмал раст на процентот на инфицирани од ХИВ во Југоисточна Европа. А, токму регионот на Југоисточна Европа има најголема на стапка на нови случаи од оваа инфекција во светот. Веќе не е водечка земја Африка, таму ХИВ инфекција опаѓа. Дали ја сфаќаме опасноста?

Но, да почнам од почеток. Во Македонија ХИВ инфекцијата се држеше под контрола цели 13 години. Тоа е затоа што го имавме Глобалниот фонд кој за целиот тој период има донирано 30 милиони долари за ХИВ и туберколоза.  До крајот на годината проектот завршува, Глобалниот фонд  се повлекува бидејќи државата се декларира како средно развиена земја каде годишно има по 3200 евра по глава на жител. И во таква ситуација кога државата треба да ја преземе одговорноста за да продолжат програмите за превенција, Владата  носи буџет од  само 27 милиони денари наместо 65 милиони кои се предвидени со сериозни и издржани анализи на експертите. Од нив  32 милиони денари се планирани за терапија на болните со ХИВ и СИДА и 33 милиони за превенција.

Граѓанскиот сектор три години алармира дека државата треба да си ја преземе обврската откако ќе заврши проектот со Глобалниот фонд. Ситуацијата кулминира со протест минатата недела на кој предупредија на епидемија со ХИВ во наредните шест месеци до година. Тие сметаат дека со овој буџет не само што ќе нема за превенција, ќе нема ниту за терапија за болните од ХИВ и СИДА.

На последниот состанок  со тимот на министерот Тодоров им било кажано дека доколку снема пари за лекови идната година, ќе интервенираат  со средства од Министерството за здравство од парите од акцизите од цигарите и алкохолот . Од граѓанските организации се шокирани, велат дека доколку нема однапред предвиден буџет не може да има јавна набавка за лекови. И сега што правиме?

Во реакцијата што ја испратија до медиумите од Министерството велат дека имало 25 милиони денари буџет за Хепатит Ц. Заедно со 27 милиони за ХИВ, тоа е 52 милиони денари. Каква математика! Генијално! Се прашувате каква врска имаат Хепатит Ц со ХИВ инфекцијата? Тоа треба да одговорат „стручњаците“ во Министерството за здравство. Дали да плаче или да се смее човек?

Во Глобалниот фонд се сериозно загрижени за ситуацијата во Македонија. Се што се инвестирало во државата ќе пропадне. Директорот на оваа меѓународна институција испратил писмо до премиерот, до претседателот на Собранието, до министрите за здравство и финансии во кое изразил загриженост и предупредил на последиците. Не се знае дали воопшто му одговориле на писмото. И дали воопшто го прочитале.  Само на крај да не излезе дека не знаеле, не биле предупреди!

Граѓанските организации кои сите овие години работат на превенција велат дека доколку се измени оваа одлука и се зголеми буџетот  ќе се спречат нови  860 случаи со ХИВ и 290 смртни случаи до 2030 година. Оваа бројка ќе биде уште поголема доколку воопшто не се финансира.

Изминатите 13 години над 15 граѓански организации работеа  теренски и преку стационари во 14 градови во државата. Над 15 000 семејства од маргинализираните групи кои се опфатени со превентивата добиваат кондоми, стерилна опрема за инјектирање,  едукација. Резултатите се евидентни, во последните години нема случаи на ХИВ кај зависници од дрога или кај сексуалните работнички. Со мобилната лабораторија се прават бесплатни  ХИВ тестови, а  1/3 од новите дијагностицирани се откриени токму преку овие мобилни лаборатории.

Министерот Тодоров пак многу добро знае од какво значење се сите напори што се правеле до сега.  Тој е добро упатен во целата проблематика бидејќи едно од првите работни места како правен советник  му било токму на проектот на Глобалниот фонд.  Тодоров е свесен во што ја втурнува државата, дека епидемијата од ХИВ многу скоро ќе затропа на врата.

На министерот му е совршено јасно дека ако не се коригира овој буџет од 27 милиони денари, граѓанските организации што ја вршеа работата до сега ќе стават клуч на врата и ќе си одат. Нема да има кој да ги открива и упатува на лекување  новите случаи со ХИВ. Болните ќе доаѓаат во фаза на СИДА и ќе умираат. Државата тогаш ќе мора да инвестира многу повеќе средства кои ќе одат на лекување. И сето ова безумие ќе го плати прескапо зашто ова не е само здравствен, туку и сериозен социјален и економски проблем.  Но, тогаш ќе биде предоцна. Ќе ескалира и туберкулозата, тука да нема дилема. Сиромаштијата и туберколозата одат рака под рака, нели? Затоа е време да се помести стрелката на часовникот и државата сериозно да ја преземе одговорноста.  Потребен е само издржан буџет и Национална програма која нема да дозволи генерации млади да умираат од СИДА и туберколоза.  Другото ќе го сработат граѓанските организации како и досега. Да им дозволиме да го направат тоа за нас!

 

 

 

 

 

буџет епидемија ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.