Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги скратила парите за Институтот за јавно здравје

2
By Менче Атанасова Точи on July 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2016 16:30

Владата ги намалила парите за превентивните програми на Институтот за јавно здравје од 35 на 13 милиони денари. Тоа е една од главните причини за тешката финансиска ситуација и колапсот, тврдат во оваа институција. Откако НОВА ја објави сторијата дека сметката е блокирана о д извршители и празна, вработените втор месец не земале плата, а не можат да ги извршуваат ниту тековните обврски(не можат да стават ниту гориво во службените возила) никој од надлежните не превземал ништо. Во Институтот ситуацијата е непроменета, а незадоволство кај вработените се зголемува. Директорот Шабан Мемемети вели дека нема никаков одговор на неговото писмо ниту од Владата, ниту од Министерството за здравство.

„ Чекаме да видиме дали ќе се превземе нешто. Средставата за превентивните програми се драстично намалени во последните три години така што иако Фондот и Министерството ги исплаќаат навреме парите сепак, во последните три години овие средства се драстично намалени“, изјави за НОВА директорот Шабан Мемети.

Иако средствата за програмите ги добиваат навремено од Фондот и Министерството за здравство, во Институтот велат дека тие не се доволни поради зголемениот обем на работа.

Освен проблемот со намалените средства од Владата, тој вели дека нелојалната конкуренција исто така влијаела на тешката финансиска состојба во која се нашол Институтот. Контролите и испитувањата на храната ги врши Агенцијата за храна,  а се појавија и приватни лаборатории за одредени испитувања, како за зрачење на пример.

Згора на се новите 54 вработувања дополнително ќе го оптоварат буџетот на Институтот, велат од таму. Вработувањата се однесуваат на оние кои работеле со договор на дело, а според Законот за трансформација на Владата тие се примаат во три етапи во текот на годината.

„Тоа е големо оптоварување, за само една година вкупно 54 нови вработувања“, рече Мемети.

Сепак, нејасно е зошто тој како менаџер прифатил толку вработувања иако знаел дека ќе го оптоварат буџетот на институцијата.

Институтот за јавно здравје е прва линија на фронтот во остварување на системот на превентивна и медицинска заштита и управува со приоритетните проблеми, превзема решенија на национално, регионално и локално ниво.

Неговата улога е во унапредување на здравјето на граѓаните преку научно базирани сознанија , како и во одржливо јавно здравствени политики.

Таму се вршат превентивни и санитарни прегледи, хемиски и лабораториски испитувања,ХИВ/СИДА и други заразни болести.

Институтот е во загуба од половина милион евра. Во моментот оваа институција вкупно должи 1 милион и 790  илјади евра. Сметката со извршител  ја блокирала фирмата „Биотек“ на кои за реагенси Институтот им должел 260 000 евра. Институтот пак, од разни должници треба да наплати еден и пол милион евра.

Ситуацијата е алармантна бидејќи залихите од реагенси се трошат, а за еден месец таму нема да можат да се вршат анализи и превентивни проверки.

Институт јавно здравје програми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.