Владејачкото мнозинство го поддржа пакетот од три предлог закони на нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ да се гласа по скратена постапка.
Опозицијата со предлозите побара да се зголемат платите во администрацијата за пет отсто, да се направат измени во Законот за извршување и да се донесе закон со кој студентите од трета и четврта година ќе добијат бесплатни ваучери за лаптопи.
Откако пратениците од владејачкото мнозинство гласаа за ваквите закони и измени да се носат по скратена постапка, Илија Димовски по барање на Петре Шилегов им се заблагодари за конструктивноста.
ВМРО-ДПМНЕ пак не учествуваше во гласањето за предлог законите на владејачкото мнозинство, кое побара по скратена постапка да се донесат законските измени за минимална плата од 12.000 денари, за укинување на радиодифузната такса и за надоместок од над 7.000 денари за стечајците.
И покрај тоа што опозицијата не гласаше, СДСМ и коалиционите партнери обезбедија доволен број на гласови за и овој пакет законски измени да се носи по скратена постапка.