Премиерот Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во име на Владата денеска положија цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на УКИМ по повод државниот празник 24 мај – Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
Премиерот Спасовски и министрите Адеми и Апостолска имаа и кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. На средбата изразија поддршка на автономноста на Универзитетот како научна, високообразовна институција, која обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите.