Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влијанието на Ендру Тејт врз генерацијата Z, 16 отсто сметаат дека феминизмот е штетен

0
By Marija Todorovska on February 1, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2024 12:28

Еден од четворица мажи во Велика Британија на возраст од 16 до 29 години смета дека е покомплицирано да се биде маж отколку жена, а еден од петмина има позитивно мислење за медиумскиот влијател Ендру Тејт, покажува анкетата со над 3.600 испитаници.

Ендру Тејт, поранешен американско-британски кикбоксер со 8.7 милиони следбеници на социјалната мрежа X, се соочува со обвиненија во Романија за трговија со луѓе, силување и формирање криминална група. Ендру Тејт отворено зборувал за гушење и удирање жени и себеси отворено се изјаснува како мизогонист.

На прашањето за феминизам, 16% од машката популација на генерацијата Z сметаат дека сторил повеќе штета отколку добро. Меѓу лицата над 60 години само 13% го сметаат истото.

Овие податоци произлегуваат од анкетата ИПСОС на политичкиот институт на колеџот Кингс Колеџ во Лондон.

Директорот на политичкиот институт, Боби Дафи, изјави дека ова се нови и необични генерации. „Обично младите генерации се поудобни со новите општествени норми, бидејќи растеле со нив“, додаде тој.

Според анкетата неспорно е дека поголем дел од мажите сметаат дека феминизмот донел повеќе добро отколку зло и имаат негативно мислење за Ендру Тејт, но Дафи нагласи дека секогаш, и во новите генерации, е присутна група на мажи кои го мислат спротивното.

Професорката Рози Кембел рече дека овие резултати биле многу веројатни поради фактот што голем дел од информациите за феминизмот мажите ги добиваат од социјалните мрежи.

Многумина предупредуваат за негативното влијание на Ендру Тејт и можноста да го загрози машкиот идентитет и родовите улоги.

Тејт кој претходно велеше дека е атеист, сега тврди дека ја прифатил исламската религија. Тејт смета дека бојата на кожата влијае врз физичката сила и интелигенцијата на луѓето.

Ендру Тејт е привлечен за машката популација поради неговите објаснувања за машкоста, за храброста и неговите токсични ставови за женското однесување и феминизмот. Тој е голем противник на ЛГБТ движењата, феминистките, а се залага за ‘традиционални’ вредности. Дел од ставовите на Ендру Тејт се дека мажите треба да бидат богати, да ги доминираат жените, да бидат опкружени со повеќе жени, да вежбаат и да бидат силни.

Прашањето е дали оние 8.7 милиони следбеници ги поддржуваат неговите токсични ставови. 

Извор: Гардијан

Подготви: Марија Тодоровска

 

Генеразија Z Ендру Тејт ЛГБТ мизогонист Феминизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.