ВМРО ДПМНЕ смета дека во земјата владее „целосен мрак“ за она што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас и зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор.
-Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори, се вели во соопштението од опозициската партија, при што се посочува примерот на притворените пратениците од оваа партија и поддржувачите за насилствата во Собранието од 27 април.