Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за десетина кандидати за локалните избори, кои му ги предложи на Централниот комитет. Меѓу нив има актуелни градоначалници, еден пратеник, бивши министер. Досега ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на десетина кандидати, а последниот рок кога сите партии мора да поднесат листи на кандидати е 14. септември. Ова се најновите предложени кандидати на Извршен комитет на партијата:
За Прилеп, актуелниот градоначалник Марјан Ристески.
За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
За Демир Капија актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.
За Новаци Лазар Котевски, досегашниот градоначалник.
За општина Ѓорче Петров, екс-министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
За општина Гостивар, Дафина Стојановска.
За Тетово, Горан Манојловски, пратеник.
За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов.
За Вевчани, Светомир Угриновски.