Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ гласаше ЗА, Комунална хигиена ќе го трампа имотот во Центар

0
By Нова ТВ on August 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владеачкото мнозинство во Советот на град Скопје вечерва го изгласа предлогот на Комунална хигиена и дозволи да направи размена на деловните простории со управната зграда на Санос. Со овој договор градското претпријатие остана без целиот имот во центарот на Скопје, кој оди во рацете на бизнисменот Славе Распашковски.

Трампата се обиде да ја спречи координаторот на Советничката група на СДСМ Дамјан Манчевски, кој пред почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје, побара да се тргне од дневен ред. Манчевски посочи дека приоритет се граѓаните зафатени од поплавата и не би било во ред советниците да одлучуваат за милионска размена на имот, кога луѓе немаат ни кров над главата.

Предлогот на опозицијата да се тргне точката од дневен ред беше отфрлен со 21 гласа „против“, 3 „воздржани“ и 10 „за“.

Како што објави НОВАТВ со спорниот договор Комунална хигиена на бизнисменот Славе Распашковски му дава имот во строгиот центар на Скопје, а тој ја отстапува старата управна зграда на поранешната фабрика за автобуси ФАС 11 октомври.

Просториите на Комунална хигиена во строгиот центар на Скопје се проценети на 1.561.950 евра,  додека зградата на фирмата Унитајарс Стил Импекс на Распашковски во општина Гази Баба е проценета на 4.939.104 евра. Разликата меѓу овие две суми, или 3.377.000 евра, Комунална хигиена ќе му ја доплати на Распашковски.

14111678_10209729736296129_1423039602_n-768x576
Еден од објектите на улуца Македонија кои ќе му бидат отстапени на Распашковски

Освен кешот и атрактивниот деловен простор, Распашковски од Комунална хигиена секој месец ќе добива по 12.000 евра кирија за просторот во кругот на фабриката, што тој им го издава за да се паркираат возилата на градското претпријатие.

Директорот на Комунална хигиена, Ракип Дочи, за трампата вели дека ќе го реши вековниот проблем на претпријатието и дека е економски исплатлив. По 110 години од постоењето на фирмата, сите единици и служби ќе биле на едно место со што ќе се подобрела комуникацијата и ефикасноста, а скопјани ќе добивале поквалитетни услуги.

Овој контроверзен договор отвори амбис на уште поголеми сомнежи за криминал, кој се купил згради и земјиште во кругот на ФАС и зошто распадната фабрика стана златен бисер за во него да инвестираат бизнисмени и фирми блиски до власта.

ВМРО-ДПМНЕ Комунална хигиена СДСМ Славе Распашковски Совет на Град Скопје Унитајарс ФАС 11 октомври
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.