Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска како кандидат за градоначалник на Град Скопје, откри претседателот на партијата Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека таа е докажана личност и натпартиски човек која ќе ги обедини сите.

-На Скопје му е потребен способен и подготвен менаџер на градот. Личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните, а тоа ќе гарантира негов развој, но исто така и влевање на сериозна надеж дека знаеме како треба да се обезбеди развојот на градот. Скопје мора да стане град на сите луѓе и секогаш во нашите одлуки се водиме пред се од интересот на сите граѓани. Одлучивме дека е потребна личност која ќе може натпартиски да обедини професионалци и комптетентни луѓе, личност која е докажан професионалец, рече Мицкоски, додавајќи дека е убеден во нејзината победа.