Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев само да не се гласа Законот за јазици

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија смета дека Законот за употреба на јазиците се носи насилно и неуставно и евентуалното одземање на пратеничкото право на амандманска расправа би бил сериозен удар врз демократијата и преседан, кој во иднина може да има долгорочни последици.

„Насилното туркање на законот за двојазичност не е поврзано со никакви реформи, туку е поврзано со хипотеките што Зоран Заев ги влече од предизборието и непринципиелно обезбедената поддршка само за да се дограби и задржи на власт. Претседателот Христијан Мицкоски во повеќе наврати апелираше да надвладее разумот и штетниот закон да биде повлечен, а наместо него да се даде приоритет на реформските закони. Тоа ќе беше вистински конструктивен потег кој ќе покажеше дека декларативните заложби за членство во ЕУ и НАТО не се само мртво слово на хартија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Седница за Законот за јазици, Џафери ќе одлучи за амандманите

ВМРО-ДПМНЕ негира дека тие учествувале во носењето и креирањето на Законот, како што тврдеа политичари од ДУИ.

„За овој закон немаше никаква дебата и секоја издржана критика од страна на уставните експерти во државата и пред се на јавноста, СДСМ не ја зеде во предвид. На сила, спротивно на демократските принципи, сега повторно сака да го истурка. Впрочем експертите, а не само ВМРО-ДПМНЕ, говорат дека овој закон не само што е противуставен, туку не е ниту во согласност со Рамковниот договор и директно задира во унитарниот карактер на државата и на позицијата на македонскиот јазик“, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, реформи не биле загрозени во Собранието, туку напротив Собранието може секој ден да става на седница вистински реформски закони за вистинските потреби на граѓаните, а  за тоа ја има и поддршката од опозицијата.

„Доколку СДСМ и Заев се уценети со носењето на овој закон, ВМРО-ДПМНЕ јасно им упатува порака уште еднаш дека ќе ги поддржуваме сите реформски закони и ќе дадеме поддршка на Владата на Заев да остане, само овој неуставен закон да не биде изгласан. Секој закон, а посебно вака чувствителен најпрво треба да помине низ поширока јавна дебата во која граѓаните, стручната јавност, експертите и политичките  чинители ќе изградат консензус за вака сериозни прашања“, стои во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ двојазичност Закон за употреба на јазици Зоран Заев Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.